
Гласолското писмо или глаголица е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.
Името доаѓа од старословенскиот збор глагољ, што значи збор (исто така и потекло на буквата „Г“).
Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.
Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.
Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенбската религија.